- Да.
- А, ја чувствуваш ли нивната неконтролирана желба да ги урнат сите ѕидини со шеќерните токмаци?
- Да... Ќе се повтори ли?
- Мора. Почни да одбројуваш.
- Се сеќаваш ли на заразната смеа на двете будалчиња низ метрополата?
- Да. - А, ја чувствуваш ли нивната неконтролирана желба да ги урнат сите ѕидини со шеќерните токмаци? - Да... Ќе се повтори ли? - Мора. Почни да одбројуваш.
0 Comments
Mе исфрлија на клоци. Принудно ме обдарија со надеж во целата таа рушевина на светликаво уредениот хаос. Не знам дали пак да си продолжам со старата депресија, да си најдам нова или на сите да им ебам матер. Животот ме чека; он си знае зошто. Ваљда.
П.С. А, да. На жешково пред зграда еден стар налудничав дедо со плетенка си пее сарбош и ме чека, ако веќе се фалиме. Си го рибам катранот со речиси неподносливо исчекување и прекрасна растрепереност, катранот што ми ги покрива белите дробови и мислите. Ме секира тоа што под него нема НИШТО.
И така. Прво и основно, не можеш некој да натераш да мисли поинаку. Не можеш да му направиш нешто да му биде океј, ако не му е. Но, многу е различно лично мислење од јавно ширење говор на омраза. Тоа треба да се разграничи. Еве со глупи(?) примери ќе објаснам.
Истовремено можеме да кажеме дека сите сме исти, ама и сите сме различни, зависи од која перспектива гледаме. Можеме да даваме аргументи како тоа сите сме исти и како тоа сите сме различни до бескрај, така? Ете уште една причина зошто не треба да се генерализира. Добро, да не навлегувам во трети теми, значи, ако она сакала да има секс, зошто тоа да не е океј? Кој си ти да кажуваш шо е океј и шо не е? Лепење етикети е многу ниско. Зошто машко би се гордеело од иста работа од којашто девојче треба да се срами? Поради поимиве ли е? Родовите? Машко, девојче? Финскиот јазик нема родови, којзнае колку им е тешко што не можат да прават вакви поделби. Не можам ни да замислам колку им е тешко што не можат да ја направат прејаката финта за Кончита „Тој ли е“?? „Таа“??? „'Тоа' е бе“!!! Мехехех, прејако. Можеби затоа Финците се таму каде што се. Плус, курва е македонскиот литературен збор за проститутка(латински), дроља(српски, хрватски), ороспија(турски) итн. Тоа е жена на којашто ѝ плаќаат за секс. Немој да ми кажуваш дека е карактер или не знам си таму кои глупости што ги имам слушнато. Тој збор означува тоа. Е сега, ако она не е тоа, нема потреба и не смее да се означува како таква само затоа што сака да има секс. А пак, ако е стварно така, ако ја плаќаат, тоа е нејзина работа и нема што ти тука да шириш говор на омраза, ни па да се мешаш. Тешко, а? Особено последново. Dead end. Некои истражувања на таа тема кажуваат дека можеби поголем проблем од хомофобите во општеството се луѓето како нив, луѓето коишто викаат „Не ми сметаат, ама јас да не ги гледам“ бидејќи од хомофоб знаеш што да очекуваш, а они сте непредвидливи, па и опасни.
Како тоа не е нормална појава? Вирус е? Мутација е? На крајот на краиштата и ти можеби имаш зелени/сини очи, измутирани, па никој не те дискриминира. Инаку, едуцирај се, кликни тука. Друго нешто, да, има деца израснати во таков брак и се сосем нормални. Btw, што е нормално? Нема дефиниција за нормално. Норма значи правило. Чие? На општеството? Општоприфатеното ли е нормално? Ти нормален си? Нормално ли ти е да мразиш луѓе? Нормално ти е да се правиш дека си повеќе од некои? Да, ти никаде не рече дека они се лоши луѓе, ама рече нешто како „Еј закон си, ама не може семејство да имаш и нејќам да јас те гледам“, е ептен си либерален. Имам другарка на којашто мајка ѝ е почината многу одамна. И КАКО ТАТКО Ѝ Ѝ ОБЈАСНИЛ ЗА МЕНСТРУАЦИЈАТА? Дали она сега е НОРМАЛНА? Тие теми ѝ се објаснети од маж, страшно, незамисливо! #загрижен Размислете, прочитајте, разгледајте, запознајте ја темата пред да пишете нешто. А сега, искрено и вас те сфаќам, луѓето се плашат од непознатото. Срцето ми го истакнува она што мозокот демек го негира. Партал што невешто го кријам под проѕирно, плишано животно. Пребарувам низ водата што ми бега низ прстите, ја барам убавината што ми ја одзема џуџето на разочарувањата.
Ги растргнувам пајажините, за секој случај. И тоа. Колку ми е лесно да почнам да се самоуништувам. Колку ми е тешко да престанам. Се оттргнувам со речиси неподнослив напор и симпатична издржливост. Гипс ми ги покрива белите дробови и црните мисли. Се плашам дека под тоа нема ништо. Се плашам од мене, од вшмукувачката грандиозност, од таа неочекувана еуфорија, тоа мое неочекувано пронаоѓање; знаејќи дека сè виси на конец стркалан во депресија којшто умешно незапирливо ќе се крши долго заедно со мене. Се плашам.
Пепел од ангел со беспокојна сенка. Измешана пепел од нељубов, рамнодушност, желби, недостигнати соништа, контролирани отстапувања, тажен еуфоричен ентузијазам. Моја пепел. Пепел, прашина која паѓа од метлата со којашто удирам по рутината. Со истата метла пепелта ја собирам во урна направена од некристализирани приказни. Стакло без стакло. Не можам да се пресечам. Живот без живот. Не можам да изживеам. Срамежлива насмевка и црна облека ќе ги донесе до белиот блескав олтар. Таму ќе вивнат. Излегува огинот што го имам во животот.
Паунот не знае кај тера. |
JumalaTuoniСамо мене можело да ми текне да бидам јас. Архива
September 2020
|