Спирални скали направени од кварц што само те водат нагоре и не те симнуваат. Дури не те водат ни нагоре, туку недефинирано, некаде. Дури ни тебе не те водат, туку делот од тебе што не знае каде оди. Тој дел што си пее рандом песни во тишина. И ти смета ехото во тебе, но не би постоело, да не беше внатрешно празен. Изморен си од одење по скали и сакаш да се разбудиш, ама сфаќаш дека не си спиел. |
0 Comments
|
JumalaTuoniСамо мене можело да ми текне да бидам јас. Архива
September 2020
|