РУНА I Ќерката на воздухот се спушта на морето, забременува од ветерот и станува мајка на водите. Една патка свива гнездо врз коленото на мајката на водите и положува јајца. Јајцата паѓаат од гнездото, се кршат на мали делови коишто се претвораат во Земја, небо, Сонце, Месечина и облаци. Мајката на водите создава острови и заливи, брегови, длабочини и плитки места во морето. Таа го раѓа старецот Вајнамојнен којшто долго плива низ брановите и конечно излегува на суво. |
РУНА II Вајнамојнен доаѓа на пустиот брег и на Сампса Пелервојнен му наредува да засее дрвја. Дабот не излегува од земјата, одново посеан, тој високо израснува и се распростира на сите четири страни на светот, а неговите лисја ги покриваат Сонцето и Месечината. Од морето излегува човече и го отсекува разгранетиот даб; Месечината и Сонцето повторно блеснуваат. На дрвјата пеат птици; треви, цвеќиња и јагоди растат на почвата, но јачменот сè уште не сака да изникне. Вајнамојнен наоѓа неколку зрнца јачмен на крајбрежниот песок, ја копачи шумата за ораница, но остава |
една бреза за птиците. Орелот, радосен дека има дрво на кое ќе може да слетува, му носи оган на Вајнамојнен за да ја изгори искастрената шума. Вајнамојнен сее јачмен, се моли за негов добар раст и му посакува успешна иднина.
За да се спаси од смрт, Јоукахајнен му ја ветува на Вајнамојнен својата сестра за жена и овој го ослободува од тињата. Младиот Јоукахајнен заминува тажен дома и ѝ раскажува на својата мајка за сите незгоди. Таа се радува поради тоа што Вајнамојнен ќе ѝ стане зет, но нејзината ќерка се натажува и плаче.