Можеби ако си ја удрам главата во огледалото ќе се крунисам како крал на хаосот. Се прашувам што се случува сега во Финска.
Во торбата на скршени соништа веќе не ми ги собира парчињата од срцето и позади осаменоста се наоѓам себеси, молчам. Ќе продолжам да чекам. Сам. До некогаш. А ако барем еднаш помислам дека нема што да изгубам? А ако мислам дека она што сум го направил е поважно од крајот? Дури и ако нема крај? А ако ја земам целата таа позитивна философија за само-помош? А ако си седнам во средината на тој виолетов момент да го чекам тоа што треба да ми дојде? Ќе ги оставам назад песимистичните сенки без мозок да се тепаат помеѓу нив. Може да профункционира.
Можеби ако си ја удрам главата во огледалото ќе се крунисам како крал на хаосот. Се прашувам што се случува сега во Финска.
0 Comments
*Секој збор си има значење. Ништо не е напишано без поента.
Објаснување for dummies тука.
Врне. Не, паѓаат ножеви. Нема крв, ги избегнуваш со леснотија на искусен танчер. Сè продолжува да те гуши со својот тек, но без да те загуши. Ниеден проклет ден не е лесен. Одмор е нешто невозможно. Способен си да дишеш во загушливото. Се навикна. Каде што другите гледаат крв, ти гледаш вода во којашто можеш да пливаш, па и да избегаш. Нема врска тоа што се распаѓа распарченото. Победуваш секогаш.
Секогаш. Албанија: Ем џелат, ем „гура“ куќи.
Србија: Антикомуњар-истиќ. Бугарија: Клучни зборови: Избори; Измама. Хрватска: Јавор копач, колку дрва пресекоа? Полска: Вадим парички, треба објаснување? Украина: Ми кола купува, Мерцедес од 600.000 евра. Русија: Владимир Злобински, треба објаснување? Финска: Дупи норми. Германија: Телефон апартхaјд (Апартхајд, вид збор: именка, машки род; Значење: Политика на дискриминација, делење на населението.) Холандија: Отровен Опсен (Опсен, вид збор: именка, машки род; Значење: измама, лага.) Франција: Барок Грабеж, мислам дека е доволно кажано. Шпанија: Што Дон Кихот со ветерниците, тоа Ж со спомениците. Фетиш. Португалија: Клучни зборови: Лага; Делегат. Италија: Буквално, навалица од провали! Грција: Бескрупулозен Архелаос (Грчко име коешто значи „Принц/Главен/Владетел на народот“). Турција: Колку судии (кадии) ќарил, колку луѓе фрлил во ендек? Израел: Итар фиктивен христијанин. Индија: Лажен Ганди. Јапонија: Ти зима што сака, добро? Удирам со секира во темнината. Така лебдам. И сè тоа. Би пишувал за замрзнати црни срца и ладни тела. За минати приказни. И за идни. За бестелесни сказни. Но, за жал, од мене излегува само иње, празнина, загушлив прагматизам. Баш ќе се претворам во она што никогаш не сум сакал.
Лицето ми станува ангелско пред да заспијам, разбеснувајќи ги внатрешните чудовишта и оние коишто пробуваат да ми се скријат под кревет. Човек е, или можеби не. Oбјект е. Покриен со нежна кожа. Чуден и паметен човек, преправен во разгален тинејџер. Глас е. И густа коса е. Сино и црно е... Или бело и златно е. Јас сум? Букви и емотикони. Збир од непланирани прескокнувања и железна јакост. Неуморно. Грдото буре нежно ги уништува потешкотиите на патот, со љубов. И тоа. Денот кога осаменоста се заљуби во мене, мислам дека се сеќавам кога боцкави ветришта мe дувнаа и, летајќи, ме однесоа на еден облакодер. Ме лишија од светот. Од таму се гледаше еден преубав парк. Всушност, не знам дали е навистина убав или само така ми се причинува бидејќи јас не сум таму. Парк со деца. Со нивните игри, соништа и надежи. А животот продолжува. Животот е серија од слоеви за различно страдање. Сепак, опстојува и романтиката, слатко и привлечно самоубиство облечено во розовко. Една лента за панделка на поклон си игра околу мојот врат. Детскиот карусел сака да изгуби контрола, да здиви, да беснее, а тој привлечен облакодер да ме отфрли, смешкајќи се.
8ми септември, ништо ново. Полуисушена земја и ништо ново. Полунезависност - ништо ново. Луѓето се апсурдни и несфатливи. Како сè. За мене има смисла замаглувањето на сушата во Македонија. Не е важно. Не требало така да биде, ама ништо ново.
Медиокритет и извртени луѓе. Критики. Ѓубре наоколу. Добри намери меѓу сето тоа. Зошто? За ништо посебно. И никогаш нема да дознаеш што сакав да ти кажам со сето тоа што не ти го кажав. Ете, гледаш? Може не е ни важно.
Го знаеш оној момент кога погледнуваш наназад и не те интересира ништо, ни што си направил ни што ќе направиш? Тоа да, мислиш на многу работи, но потоа гледаш што те опкружува. Меѓу другото, го гледаш светот на wannabe смешни кловнови. Така изгужвани, ги ставаш мислите во еден пакет завиткан со убава хартија, со ѕвездички, месечинки и еднорози и го фрлаш во водите на врховна рамнодушност.
Се насмевнуваш, радосен си продолжуваш. Ништо повеќе. |
JumalaTuoniСамо мене можело да ми текне да бидам јас. Архива
September 2020
|