Кога не мислам на ништо, ми се појавува една соба агресивно полна со простор, со под од бел мермер. Клаустрофобично бесконечен простор. Јасно ми е дека ми ги копа очите, ама уште го гледам. И некој мине низ неа како да лебди или можеби никој не мине. Лице без лик. Очи без сјај. Во потрага по нешто што никогаш нема да го дознаам. Кога не мислам на ништо, ми текнува на амнезија. И дека амнезијата си се потсеќа дека заборавила што ја убива. Кога не мислам на ништо, тоа што ми ја убива надежта ја заборава својата цел и безгрижно се шета по дождот. Кога не мислам на ништо, потсвеста сама си игра. Си игра некоја игра во којашто секогаш губи оти картите ѝ се од мраз. И плаче. Јас стварно не знам оти не мислам на ништо. Кога не мислам на ништо, сеќавањата ми се дрогираат и си се смеам рамнодушно. Кога не мислам на ништо, уште помалце мислам на тоа шо сакам да го заборавам. Заборавот сам ме потсеќа. Кога не мислам на ништо, ништото продолжува мене да ме мисли. И бесконечната соба ја отвора вратата за да ме вовлече без да видам. Можно е прикриено да се смеам, кога не мислам на ништо. Размислив и сфатив. Мразам рамнодушност, кога мислам на нешто. |
0 Comments
|
JumalaTuoniСамо мене можело да ми текне да бидам јас. Архива
September 2020
|