Удирам со секира во темнината. Така лебдам. И сè тоа. Би пишувал за замрзнати црни срца и ладни тела. За минати приказни. И за идни. За бестелесни сказни. Но, за жал, од мене излегува само иње, празнина, загушлив прагматизам. Баш ќе се претворам во она што никогаш не сум сакал.
Лицето ми станува ангелско пред да заспијам, разбеснувајќи ги внатрешните чудовишта и оние коишто пробуваат да ми се скријат под кревет. Човек е, или можеби не. Oбјект е. Покриен со нежна кожа. Чуден и паметен човек, преправен во разгален тинејџер. Глас е. И густа коса е. Сино и црно е... Или бело и златно е. Јас сум?
Букви и емотикони. Збир од непланирани прескокнувања и железна јакост. Неуморно. Грдото буре нежно ги уништува потешкотиите на патот, со љубов. И тоа.