Колку ми е лесно да почнам да се самоуништувам. Колку ми е тешко да престанам. Се оттргнувам со речиси неподнослив напор и симпатична издржливост. Гипс ми ги покрива белите дробови и црните мисли. Се плашам дека под тоа нема ништо. Се плашам од мене, од вшмукувачката грандиозност, од таа неочекувана еуфорија, тоа мое неочекувано пронаоѓање; знаејќи дека сè виси на конец стркалан во депресија којшто умешно незапирливо ќе се крши долго заедно со мене. Се плашам.
|
JumalaTuoniСамо мене можело да ми текне да бидам јас. Архива
September 2020
|