Прво и основно, не можеш некој да натераш да мисли поинаку. Не можеш да му направиш нешто да му биде океј, ако не му е. Но, многу е различно лично мислење од јавно ширење говор на омраза. Тоа треба да се разграничи. Еве со глупи(?) примери ќе објаснам.
Истовремено можеме да кажеме дека сите сме исти, ама и сите сме различни, зависи од која перспектива гледаме. Можеме да даваме аргументи како тоа сите сме исти и како тоа сите сме различни до бескрај, така? Ете уште една причина зошто не треба да се генерализира. Добро, да не навлегувам во трети теми, значи, ако она сакала да има секс, зошто тоа да не е океј? Кој си ти да кажуваш шо е океј и шо не е? Лепење етикети е многу ниско. Зошто машко би се гордеело од иста работа од којашто девојче треба да се срами? Поради поимиве ли е? Родовите? Машко, девојче? Финскиот јазик нема родови, којзнае колку им е тешко што не можат да прават вакви поделби. Не можам ни да замислам колку им е тешко што не можат да ја направат прејаката финта за Кончита „Тој ли е“?? „Таа“??? „'Тоа' е бе“!!! Мехехех, прејако. Можеби затоа Финците се таму каде што се.
Плус, курва е македонскиот литературен збор за проститутка(латински), дроља(српски, хрватски), ороспија(турски) итн. Тоа е жена на којашто ѝ плаќаат за секс. Немој да ми кажуваш дека е карактер или не знам си таму кои глупости што ги имам слушнато. Тој збор означува тоа. Е сега, ако она не е тоа, нема потреба и не смее да се означува како таква само затоа што сака да има секс. А пак, ако е стварно така, ако ја плаќаат, тоа е нејзина работа и нема што ти тука да шириш говор на омраза, ни па да се мешаш. Тешко, а? Особено последново. Dead end.
- Сакам да кажам дека сосем океј е да речеш „Не би бил со Кончита, едноставно не ме привлекува“, а друго е да речеш “Такви луѓе не треба да постојат, гадни се, кој ги сака?!“.
- „Не би бил со црнкиња, не ме пали“ е најокеј твое мислење и сите треба да го почитуваме и да не ти пикаме црнкињи у нос оти они нели се тепаат за тебе, но да кажеш „Црнкињите се гадни“ е сосем нешто друго. Приметуваш разлика?
- „Вербата во Бог ми прави да се чувствувам бла бла бла и бла. Убаво е да си верник“ е едно, а „Неверниците треба да се запалат, Бог ќе ве казни *инсерт пцовки и закани за живот*“ е друго. „Супер шо имаш кур, ама не ми го пикај во уво“, рекол, шознам, јас, Гоце Делчев, Даме Груев, некој, неважно.
- „Да бев женско, според мене, поради бла бла бла и бла, немаше да имам секс пред брак“ е океј твое мислење, но „Сите шо имаат секс пред брак се курви“ е влегување во туѓ терен и директно вреѓање. Не разбирам како тоа тебе те тангира шо некоја си таму имала или немала секс, па се чувствуваш повикан за да залепиш етикета и да навредиш.