31 декември, само последно парче од некоја имагинарна целина, а се радуваме, се надеваме, се потсетуваме, си ветуваме. Го гледам новиот свет што пристигнува со новата година, го гледам како расте и опстојува во жарта на нашите животи. Да, луѓето се будали, мислат дека сè ќе биде во ред, дека сè ќе биде подобро, а продолжуваат да ги влечат нозете во калта чекорејќи по погрешен пат, свесно одејќи без да знаат каде ќе пристигнат. Во новата година на сите ни посакувам да си ги исчистиме бубачките од мозоците. Дури тогаш ќе можеме на секое поле да просперираме, оти ние самите сме си најголемите непријатели; „Од глата си патиме“. Среќна Нова 2016 година. |
0 Comments
Leave a Reply. |
JumalaTuoniСамо мене можело да ми текне да бидам јас. Архива
September 2020
|