Има една мала врата во чудата
И натпис со кој се моли
Не сакајќи
‘Луѓето нека не умираат, да ти ебам
Луѓето нека не умираат’
Еве цело попладне мислам
дека за да бидеме среќни
Само треба да го сфатиме тоа
А и нема потреба
Оти не ни можеме
Ни сакајќи
И после си испржив 2 кила компири
Не знам дали повеќе беа за радост
Или за вечера
Само ненормален може да му побара
на некој да не се плаши
Ќе се испоубиеме од студот во нас
Што треба да ти помине низ глава
Освен верба
За да се фрлиш
На пиењето
Или преку џам
Саркастично велеше една госпоѓа
‘Многу луѓе курви
Многу луѓе’
Мислев
Веруваме во многу работи
И треба да почнеме да правиме некоја
Не сум слушнал никој да каже
Дека на пуст остров
Би однел друга личност
Мислам дека треба да се штитиме
Повеќе помеѓу нас
Господе; ако си таму;
‘Нека не умираат луѓето,
Нека не сакаат да умрат
И кажи ми како да се ишишам’