Калевала – „Земја на хероите“ – е национална поема на Финска. Тоа е колекција од традиционални епски пеења, собрани во форма на една песна. Се претпоставува дека датира од VI век до XIV век, т.е. од времето кога луѓето што зборувале фински јазик се населиле на територијата што денес се вика Финска до инвазијата на Швеѓаните. Овие пеења трпеле промени, но, во целост, убаво ја претставуваат таа далечна епоха.
Финскиот јазик припаѓа на угрофинските јазици, многу различна група од индоевропската, чии јазици зафаќаат поголем дел од територијата на Европа и дел од Азија (во главно Индија, Персија, Арменија, Сибир). Основните претставници од угрофинската група, чие потекло хипотетички е од сливот на Волга се – покрај финскиот – естонскиот, лапонскиот и унгарскиот. Шведскиот јазик дејствувал на финскиот од крајот на Средниот век: Со освојувањето на Финска од страна на Шведска, како официјален јазик се наметнува јазикот на доминантната нација, шведскиот јазик, и се дифундира како средство на книжевниот израз. Но, популарниот јазик се задржал и на него се превела Библијата во XVI век. Во селата, пред се, истрајале старите пеења за Финска и секогаш се појавувале нови поети.

Во 1822, Цахрис Топелиус собрал и објавил неколку фински пеења за легендите за синовите на Калева (Финска). Подоцна, доктор Елијас Лонрот од 1828 се посветил на собирањето на сите пеења за тие легенди. Затоа ја поминал цела држава навлегувајќи во многу региони во рок од неколку години; потоа сериски ги организирал на начин да конституираат еден вид на поема и под насловот „Калевала“ ги објавил во 1835 година. Значењето на оваа објава е огромно, во Финска денес се слави 28 Февруари како ден на којшто започнале да циркулираат првите примероци од книгата на Лонрот. Од тој момент, финскиот јазик добил литературен престиж во градовите, па така Финците се посветиле на негово одгледување, оставајќи го настрана шведскиот јазик. Всушност, модерната финска литература датира од објавувањето на „Калевала“.
Во првата форма на текстот што ја дал Лонрот поемата содржела 12.000 стихови, поделени во дванаесет песни. Но, големиот фолклорист не запрал таму. Продолжил да собира песни и во 1849 година објавил ново издание, зголемено до 22.793 стихови, поделени во педесет песни. По смртта на Лонрот, А. В. Форсман во 1887 година објавил друго издание со нови додатоци.

Калевала е напишана во стих осмерец; нема рима, но има алитерација, т.е. повторување на почетни или важни фонеми во секој стих; покрај тоа, се користи и паралелизам од слики и/или идеи.
Една од поважните верзии е преводот на Д. Алехандро Касона, којшто се надоврзува на синтезата направена од Шарл Гијо (Париз, 1926) врз основа на францускиот превод на Лезо лe Дик (1868).